Диосфера - Портфолио на проекти

Сите проекти на едно место

Диосфера е централната платформа каде се прикажуваат сите проекти на Никола Дио Петковски од тековни и идни дигитални платформи до креативни и мултимедијални иницијативи. Ова е страницата каде посетителите можат да ја запознаат визијата на Дио, да дознаат повеќе за неговото портфолио и да добијат линкови до активните проекти како што тие излегуваат во јавност.

Во иднина, Диосфера ќе вклучува интерактивен форум, каде корисниците ќе можат да учествуваат во дискусии, да коментираат, да гласаат и да иницираат нови теми, без потреба од регистрација. Оваа платформа овозможува отворена и динамична заедница за споделување идеи, дискусии и креативни иницијативи.

Преглед на тековните и идни проекти

ЕНИГМА

Енигма е хуманистичко движење и иницијатива која ги обединува образованието, културата, хуманитарните проекти и мултимедијата во еден сеопфатен екосистем. Во рамки на Енигма се развиваат повеќе области:

  • Хуманистичка Школа: образование и онлајн курсеви (со платформи EnigmaLearn и EnigmaVerify).
  • Книжевно Созвездие: промоција на книги и дела на автори, со каталогизација преку еКаталог.
  • Мултимедијален облак: дигитални алатки, аудио пакети, кратки анимации, вклучувајќи го и Диосфера форумот како дел од мултимедијата.
  • УНАП заедница: Група на академски професори и истомисленици за размена на знаење и идеи кои даваат поддршка за нови форми на едукација и самостојно учење.
  • Хуманитарни проекти: Книжевни и уметнички иницијативи за поддршка на заедниците во потреба.
  • ЕОН токен: Поддршка за нови модели на донации, награди и членство за раст и развој на екосистемот.

еКаталог

еКаталог е платформа за индексирање и каталогизација на дела, особено дигитални, со цел лесно пребарување и организирање на креативните самостојно издадени дела на автори кои се водат според хуманистичките отворени стандарди.

EnigmaLearn

EnigmaLearn е платформа за следење на курсеви и едукативни програми од Хуманистичката Школа, овозможувајќи пристап до учење и развој на различни вештини за сите оние кои што се хумани и изразуваат поддршка.

EnigmaVerify

EnigmaVerify е платформа за потврдување на издадени сертификати од курсевите, овозможувајќи проверка на автентичноста и признанието на стекнатите квалификации каде што вредноста на истите се основа според четири критериуми: квалитет, верификација, етичност и важност.

Диосфера

Диосфера е платформа која ги обединува сите проекти, активности и иницијативи на Дио на едно место. Тука посетителите можат да следат тековни проекти, да пристапат до линкови за секој од нив, да се информираат за портфолиото и во иднина да учествуваат во форум за различни тематики и дискусии.

Диосфера како проект ги претставува вредностите на отвореност, креативност и интеракција со заедницата, овозможувајќи секој посетител да се информира, да се вклучи и да учествува во развојот на различни иницијативи и платформи.

Започнете пребарување

Внесете зборови за пребарување

↑↓
ESC
⌘K Кратенка